И Велес стана СТЕНТОН ГРАД! Склучен договор за речиси 132 МИЛИОНИ денари, дел од условите се сомнителни

Општина Велес плаќа 131 МИЛИОН 94 ИЛЈАДИ И 890 ДЕНАРИ за партерно уредување на плоштад и изградба на подземна катна гаража и тоа не на било која компанија. Кога ќе ги погледнете податоците на веб-страницата за јавни набавки најпрво стои дека набавката ја добила компанијата ДЕЛТА ПРОМ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ Велес.

Кога ќе го отворите договорот ќе видите дека всушност ДЕЛТА ПРОМ не е сама, туку се работи за група на понудувачи состевена од ДЕЛТА ПРОМ и како што милуваа да кажат од актуелната власт, криминалната компанија СТЕНТОН ГРАДБА.

Како што може да се види од договорот, оваа сума е предвидена само за прва фаза од изградбата, што значи дека следната фаза ќе биде дополнително платена.

Договорот е потпишан од страна на градоначалникот Марко Колев.

Покрај ДЕЛТА ПРОМ – СТЕНТОН, на јавната набавка се јавил само уште еден понудувач, односно има вкупно две понуди.

Интересни се и условите кои се потребни за да се учествува на јавната набавка, бидејќи Општина Велес бара вкупен обрт на средства (вкупен годишен приход) од 220.000.000,00 (двеста и дваесет милиони) денари, за секоја година поединечно, за последните три години (2021, 2022 и 2023 година).
Потребната економска и финансиска способност за извршување на договорот на економските оператори, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
-да има минимален вкупен обрт на средства (вкупен годишен приход) од 220.000.000,00 (двеста и дваесет милиони) денари, за секоја година поединечно, за последните три години (2021, 2022 и 2023 година)
5.3.2.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималнитe услови со доставување на:
извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
5.3.3 Техничка и професионална способност
5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
– Минимум 1 (еден) склучен и завршен договор во последните 5 години за изведување на армирано бетонски колови со минимална големина должина од 1.400,00 – метра со поединечна вредност не помала од 30.000.000,00 денари без ддв
– Минимум 3 (три) склучени и завршен договори во последните 5 (пет) години за изградба на објекти од високоградба до фаза карабина со поединечна вредност не помала од 110.000.000,00 денари без ДДВ.
– минимум 120 (сто и дваесет) вработени лица
– минимум 1 (еден) дипломиран инженер за геотехника со овластување Б за изведба издадено од Комората на овластени архитекти и инжeнери на РСМ;
– минимум 1 (еден) дипломиран геодетски инженер со овластување издадено од Комората на овластени архитекти и инжeнери на РСМ;
– минимум 2 (два) дипломирани градежни инженери со овластување Б за изведба издадено од Комората на овластени архитекти и инжeнери на РСМ;
– минимум 3 (три) оператори на градежни машини со валидни уверенија за стручна способност;
економскиот оператор да ја има на располагање следнава опрема:
– Бетонска база со капацитет од 55м3/час на 30км растојание од локацијата на работите
– Минимум 8 камиони кипери
– Минимум 4 багери над 30 тона
– Минимум 1 булдожер
– Минимум 2 ваљаци над 10 тона
– Минимум 2 машини за бушење колови со минимална големина од 70 тона и сила на вртење од 22 тона
– Обложни колони со надворешен дијаметар од Ф880мм/800мм внатрешен дијаметар минимум 55 метри.

Иако дел од условите се логични, не е логично зошто и како е одбрана сумата на вкупен обрт на средства (вкупен годишен приход) од 220.000.000,00 (двеста и дваесет милиони) денари, за секоја година поединечно, за последните три години (2021, 2022 и 2023 година), а надлежните органи би требало да ја проверат оваа јавна набавка поради сомнеж за дискриминација на едни компании, а фаворизирање на други, што е строго забрането.
Инаку против СТЕНТОН ГРАДБА зборуваа самите ВМРО-ДПМНЕ од опозиција.
„Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само еден понудувач“ ова е цитат од прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ одржана на 30.07.2022 година од страна на портпаролот на партијата Наум Стоилковски во која истакнува сериозни сомнежи за местење на тендери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Велес стана СТЕНТОН ГРАД! Склучен договор…
Општина Велес плаќа 131 МИЛИОН 94 ИЛЈАДИ…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…
Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…