И ветеринарите ќе штрајкуваат од вторник
Ветеринарите стапуваат во штрајк од вторник, 17-ти мај – ќе ги затворат вратите на ветеринарните амбуланти само за извршувањето на функциите кои се поврзани со обврските кои им ги налага државата, а за кои не се постигна договор за зголемување на цените, објави Канал 5.
Сепак, ветеринарите остануваат на своите работни места и ќе се примаат домашни миленици и ќе се вршат прегледи и на стока за која има потреба, но нема да одат на терен да земаат крв за бруцелоза и други испитувања, нема да издаваат сартификати потребни за да се носи стока на добиточните пазари и нема да се вршат пописи кои се важни за сточарите да добијат субвенции.
До револтот кај ветеринарите дојде откако последните месеци интензивните преговори не дадоа никаков резултат. Тие велат дека цените по кои ги извршуваат годишните нареди на државата останале ниски во услови кога сите трошоци за нафта, за плата на вработените и другите давачки неколкукратно се зголемени.
Во земјава има околу 160 ветеринарни друштва кои вработуваат над 1.200 луѓе од кои 500 се доктори по ветеринарна медицина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…
Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…
Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…
Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…
Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…
Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…
Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк
Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…
Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…
Работниците во автомобилската индустрија на САД на…