И викате Тито нè измисли?! ,,Другар команданте, ние илинденците се ставаме на располагање да ја браниме Дебарца”

t

Генералниот скеретар на Левица, Јована Мојсоска, на Фејсбук сподели фотографии од Илинденската споменица доделена на нејзината прабаба во чест на 50-годишнината од Илинденското востание.

Мојсоска сподели и дел од кажувањата на Михајло Апостолски, во продолжение нејзината објава на Фејсбук:

– ,,Во одбраната на слободната територија во Западна Македонија, нужно е да истакнеме, дека целиот народ учествуваше во нејзината одбрана на разни начини, но кулминацијата на ангажирањето на населението во одбраната на слободната територија е доброволното организирање на преживеаните борци од Илинденското востание од 1903 година – во една чета.

Во критичниот момент во одбраната на слободната територија, кога Германците со сите усилби настојуваа да се пробијат во Дебарца и кон Дебар, Главниот штаб на Македонија ги ангажира и последните резерви, така што на 7 октомври 1943 година, и четата ИЛИНДЕНЦИ стапи во борба.

На Пресека четата се постројува, командирот врши војнички поздрав и му рапортира на командантот на Главниот штаб со едноставни, но тогаш многу потресни зборови:

– ,,Другар команданте, ние илинденците се ставаме на располагање да ја браниме Дебарца.”

(*Михаило Апостолски, 1973 година)

ПС Сликата е Илинденска споменица, доделена на мојата прапрабаба НАСТА Петреска од село Годивје, Дебрца. Доделена е во 1951 година на преживеаните илинденци по повод 50-годишнината од Илинденското востание.

Според кажувањата на баба ми, нејзината баба Наста го везела Илинденското знаме за востаничките чети во Дебрца.ж

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата од НОБ во…

„Заштитата на културното наследство мора да е…

Зечевиќ: Оддаваме почит на НОБ и порачуваме…

Тука сме да им оддадеме почит на…

(Видео) Михајло Апотолски е еден од најсветлите…

Михајло Апостолски бил еден од ретките учесници…

Д-р Никола Стојановски, учесник во НОБ и…

Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот…

Зечевиќ: Вредностите на НОБ и АСНОМ се…

На вредностите на НОБ и АСНОМ почива…