И Вучиќ му честиташе на Трамп: Секогаш сте имале најголема поддршка во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска упати честитка до Доналд Трамп, по повод преземањето на, како што рече, одговорната и тешка должност на претседателот на САД и му посака успех во новиот мандат.


„Се радувам на соработка и верувам во вашата визија за свет во кој ќе владеат мирот, слободата, правото и правдата за сите. Во овие напори Србија ќе биде ваш сигурен партнер и пријател. Секогаш сте имале најголема поддршка во цела Европа од граѓаните на Србија и затоа Србија очекува и се надева на исклучителна и блиска соработка“, напиша Вучиќ од Давос, каде што присуствува на Светскиот економски форум, во објава на мрежата Х.
Тој му посака успех на Трамп во новиот мандат и рече дека е убеден оти новиот американски претседател „храбро ќе се соочи со сите предизвици, како и секогаш досега“ и дека ќе продолжи, како што наведе, силно да се бори „за просперитет на Соединетите Американски Држави и глобалниот мир, градејќи мостови кон сите кои го споделуваат со вас највисокото морално, традиционално и државните вредности“.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера положи заклетва како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со аудио снимки како доказ се апсат…

„Во тек е апсењето на група студенти…

29 лица се во притвор по вчерашните…

Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…

Вучиќ најави уште апсења – Вчера имало…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до…

(Видео) Српски твитерџија низ солзи: Отру со…

Протестот „Се гледаме на Видовдан“ се одржа…

Директор на полицијата потврди: „Моравме да реагираме…

Директорот на полицијата во Србија, Драган Васиљевиќ…