И Вучиќ се пишмани: Ќе размисли да присуствува на самитот на Западен Балкан во Тирана

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека е подготвен заедно со колегите од Владата да ја разгледаат можноста за промена на одлуката да не се патува во Тирана на самитот на земјите од Западен Балкан, поради одлуката на официјална Приштина да го именува Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање на Косово и реакциите на Европската унија на таа одлука. По средбата со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, Вучиќ рече дека соговорникот недвосмислено му рекол дека луѓето од Европската унија сметаат дека е важно претставник на Србија да биде во Тирана.

„Реков дека лично не ја гледам поентата, но подготвен сум да ги слушам аргументите. Премиерката Ана Брнабиќ смета дека е важно да бидам во Тирана и подготвена сум да разговарам за тоа, бидејќи не е прашање на мојата суета и мојата изјава“, рече Вучиќ. „Ќе видиме во наредните денови… Но, не зажалив за ниту еден збор што го кажав. Мислам на сето тоа за Албин Курти, Ненад Рашиќ и Рада Трајковиќ. Се што кажав вчера, запишете го и денес. Не сум користел дипломатски речник? Можеби. Но, да настапував на поинаков начин, никој немаше да не чуе“, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…

Вучиќ рано утрово објави важна вест за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…

(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…

Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…

Вучиќ најави нови оставки во српската влада…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…