И денеска нема договор меѓу СОНК и МОН
Доаѓаме до некакви заеднички ставови, сепак има тука нијанси на размислување за дополнително зголемување на оние 12% меѓутоа кога и за колку, тоа се детали што се уште ги утврдуваме. За жал, министерот не може да излезе официјално со став бидејќи се уште ги нема точните информации од Министерството за финансии, изјави лидерот на СОНК Јаким Неделков кој присуствуваше на третиот состанок помеѓу работните групи на синдикатот и МОН со посредникот..
Од партијата Левица преку соопштение посочуваат дека негувателки од градинки реагирале до нив дека Министерството за труд и социјала нема да им ги исплати дневниците за деновите кога штрајкуваа. Потврда за ова од министерството се уште нема, но Неделков вели дека овој потег може сериозно да ги наруши преговорите.
-Доставивме барање до МОН за исплата на дневници врз основа на колективен договор, имаме основ за таа работа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал имаме проблем во труд и социјална политика. Може да биде сериозен проблем за нарушување на процесот на преговори, додаде Неделков
Нова средба ќе има в недела кога практично истекуваат првите 10 дена предвидени со закон за да се реши спорот. Ако не се склучи спогодба и по дополнителниот законски рок, синдикатот планира да го реактивира штрајкот.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…