И денес „Марш за ангелите“ во Кочани – родителите ги повикуваат сите да им се придружат
Семејствата на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и денеска во 18 часот и 5 минути ќе протестираат за правда за нивните деца.
Маршот, се оддржува во знак на почит на загинатите , но и како поддршка на повредените во пожарот, е потсетување за задоцнетата реакција и затајувањето на институциите во системот кои не презеле мерки да се спречи трагедијата.
Семејствата на настраданите остануваат на своето единствено барање за правда за своите деца, за што најавуваат дека ќе се борат до крај.
Маршот се одвива по вообичаената маршрута, од Паркот на револуцијата, низ трговскиот центар, пред Општина Кочани а оттаму кон полициската станица и Основниот суд и обвинителството во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И денес „Марш за ангелите“ во Кочани…
Семејствата на починатите во трагичниот пожар во…
Во Србија одбележуваат Видовден – Владата на…
Во Србија денеска се слави Видовден, а…
Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ)…
На ГП Табановце се чека околу 30…
На граничниот премин Табановце утрово се чека…
УХМР: Денес температури до 36 степени и…
Управата за хидрометеоролшки работи за денес прогнозира…