Објавено на:

И денес најава за невреме во Македонија

t

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса поврзана со фронтална долина со постуден воздух од северозапад, денес (четврток, 4 септември 2025) времето во државата ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува поинтензивна нестабилност во форма на краткотрајно невреме со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можност за појава на град.

Апелираме на зголемена внимателност во сообраќајот и при престој на отворено, особено во претходно поплавувани зони и на потези каде што е можно краткотрајно задржување на вода.

Во Скопје и скопската котлина, во наведениот период ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, со услови за локално невреме во делови од котлината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И денес најава за невреме во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Трамп откри дека ја гледал парадата во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Владата на Србија планира да предизвика немири…

Академскиот пленум го повика претседателот Александар Вучиќ…

Наместо поддршка за протестот во Аеродром –…

Фејсбук објава на Левица - Аеродром На…