И ДУИ ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија: Честитки до сите православни верници

t

ДУИ ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на МПЦ-ОА за канонска.

-Во оваа прилика им изразуваме искрени честитки на сите православни верници во нашата земја за оваа долгоочекувана одлука, која им дава еднаков статус на верска проповед со сите православни верници во светот. Од исклучително значење за иднината на државата е што се решава уште еден повеќегодишен спор. Оваа одлука ги зајакнува темелите на стабилноста во регионот и ги афирмира вредностите на меѓуверска почит и толеранција, велат од партијата.

Од партијата велат дека хоризонтот на помирување меѓу народите е отворен и на овој пат кој цели кон заедничката европска иднина на целиот регион мора да се продолжи со носење на храбри одлуки и да преовладува рационалноста над штетните изолирачки недоразбирања.

Одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Македонската православна црква не го реши конечниот статус и името на црквата, туку беше направен најважниот и најголемиот чекор.

Со оваа одлука, МПЦ влегува во православното семејство на сите помесни цркви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…

Гаши најостро ги осудува заканите кон пратениците…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека…