И едните и другите можеа многу да направат: Зошто мислите дека ќе исполнат нешто ако пак ги изберете?

t

Професорката Мирјана Најчевска вели дека и едните и другите досега биле доста доволно време на власт, за да ги реализираат ветувањата, но тоа досега не го сториле.

„Ајде нешто да расчистиме.

И едните и другите имаа можност да направат многу нешта, да обезбедат подобро живеење за поголем број луѓе, подобро образование, подобро здравство, подобра заштита, посигурна средина за живеење.

И не го направија тоа.

Македонија е држава која е објективно со исклучително ниско ниво на образование, мизерно здравство, голем број луѓе кои не можат да врзат крај со крај, со закони кои ги штитат моќните а казнуваат граѓаните и е несигурно место за живеење.

Врз основа на што мислите дека ако ви ги ветат исите работи кои не ги направиле во периодот кога биле на власт дека тие работи ќе ги остварат ако повторно ги изберете?

Навистина ме интересира.“ прашува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ