И Зеленски ќе присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Атина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска треба да пристигне во Атина, за да присуствува на денешната вечер во рамки на самитот ЕУ-Западен Балкан, чиј домаќин е премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, пишуваат грчките медиуми.
Мицотакис денеска ги пречекува лидерите на Западен Балкан, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Медиумите од земјата домаќин на самитот јавуваат дека присуството на Зеленски се чувало во тајност до самиот крај, но дека информацијата протекла непосредно пред неговото доаѓање. Според нив, претседателот на Украина треба да пристигне во грчката престолнина во 12 часот.
Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Хрватска, Бугарија и Романија ќе имаат претставници на самитот на кој се очекува усвојување на Солунската декларација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајски снег го прекри Балканот
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…
Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во…
Шестмесечно бебе попладнево било пронајдено во црна…
ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…
Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…
(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…
Првите неколку месеци од оваа година на…
ХАОС во Атина: Ја нападнале полицијата со…
Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ…