Објавено на:

И Косово “се крсти” во султанот: Се надеваме Турција ќе спречи Србија да го дестабилизира Балканот

t

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала ѝ одаде признание на Турција за тоа што, како битна членка на НАТО, со нејзиното ефикасно посредување, му пружа помош на Балканот во зачувувањето на стабилноста. 

На денешната прес-конференција со шефот на турската дипломатија, Мевлет Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Приштина, Грвала рече дека ја гледа Турција како „неутрален посредник меѓу Србија и другите земји во регионот”.

– Се надеваме дека Турција ќе придонесе да се оневозможи Србија во обидите да го дестабилизира Балканот. Како битна членка на НАТО, по руската агресија во Украина, Турција ја понуди својата помош како неутрален посредник, а исто така е активна и како неутрален посредник меѓу Србија и другите земји во регионот – рече Грвала.

Според неа, Европската унија, НАТО и Турција треба да вложат напори за „да се спречат Србија и српските сепаратисти во Босна и Херцеговина под сенката на руската агресија во Украина и со помош на Русија да ги дестабилизираат Зпаден Балкан и Југоисточна Европа“.

Шефот на турската дипломатија порача дека Турција нема да дозволи „враќање во темните денови од 90-тите години“.

– За време на посетата на пет балкански држави, која ја започнав во Белград, секаде ја пренесов истата порака. Дијалогот меѓу Косово и Србија го поддржуваме и сметаме дека треба да се постигне договор по дипломатски пат. Развојот во Босна и негативниот одраз на војната во Украина во регионот се работи од кои треба да изведеме поуки. Ние како Турција не сакаме враќање во темните денови од 90-тите години и нема да го дозволиме тоа. Ќе продолжиме со нашите заложби и дипломатијата секогаш ќе ја ставаме на прво место – рече Чавушоглу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…

Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното…

Во земјава денеска во официјална тридневна посета…

Продолжен прекинот на огнот меѓу Турција и…

Прекинот на огнот меѓу Турција и Сириските…