И Македонија е на удар од трговската војна меѓу ЕУ и САД
Трговската војна меѓу САД и ЕУ носи сериозни економски последици на глобално ниво, а негативните ефекти ќе се почувствуваат и во Македонија. Американските царини од 25% за увоз на челик и алуминиум, воведени од претседателот Доналд Трамп, предизвикаа турбуленции на светските пазари, со поскапувања на нафтата, златото и пченицата. Европската унија реагираше со контрамерки за американските производи, што дополнително ја продлабочи економската неизвесност.
Според економските експерти, оваа ситуација директно ќе влијае на македонскиот пазар, преку промени во цените и извозот.
-Македонија е една од најотворените економии во Европа, со извоз што учествува со 60% од БДП. = Намалувањето на глобалната трговија значи дека и нашиот извоз нема да остане имун. Посебно загрижува што 75% од македонскиот извоз оди кон ЕУ, која ќе биде силно погодена, вели за „Локално“ Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
Тој додава дека американската економија покажува знаци на забавување, со намалени прогнози за раст и зголемена инфлација, што уште повеќе ја комплицира ситуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…