Објавено на:

И Македонија има свој претставник во меѓународната мисија која се упати кон Запорожје

t

Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) замина од Киев за нуклеарната централа Запорожје за да извршат инспекција, а во тимот од меѓународни експерти има и претставник од Македонија.

Извор од ОН, запознаен со деталите за мисијата, изјави за Тас дека во неа учествуваат претставници на десет земји: Албанија, Кина, Франција, Италија, Јордан, Литванија, Мексико, Полска, Србија и Македонија.

Експертите на МААЕ, предводени од генералниот директор Рафаел Гроси, имаат намера да ја утврдат штетата предизвикана од гранатирањето во близина на нуклеарната централа, за која Киев и Москва се обвинуваат со недели.

Извори на Тас во ОН претходно појаснија дека мисијата ќе влезе во нуклеарната централа Запорожје преку Киев и на територијата под контрола на Украина.

Тој објасни дека во мисијата не се вклучени претставници на Русија и Украина, со цел да се обезбеди нејзината неутралност и непристрасност.

Тој, исто така, истакна дека инспекторите ќе ја проучуваат нуклеарната безбедност во централата, но не и политичките и воените прашања.
Нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили од март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…