И мајмунските сипаници имаат различни соеви: Еве кој е најлош
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради епидемијата на мајмунски сипаници. Оваа класификација е најголемото предупредување што може да го издаде СЗО и значи дека отсега ширењето на овој вирус, кој е регистриран во 75 земји, ќе се следи на највисоко ниво.
Одлуката на СЗО дојде по вториот состанок на Комитетот за итни случаи за вируси. Според нив, досега се регистрирани над 16.000 случаи на зараза, а од мајмунска сипаница починале вкупно пет лица. Сите смртни случаи се регистрирани на територијата на африканскиот континент.
Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека комитетот за итни случаи не успеал да постигне консензус за тоа дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да се класифицира како глобална здравствена итна состојба, но дека епидемијата брзо се проширила низ светот и одлучиле дека навистина е од меѓународно значење.
„Проценката на СЗО е дека ризикот од мајмунски сипаници е умерен на глобално ниво и во сите региони, освен во европскиот регион каде што го оценуваме ризикот како висок“, додаде Гебрејесус.
Инфекцијата се шири
Дека вирусот продолжува да се шири низ светот говори и податокот дека досега се регистрирани вкупно 16.016 случаи на заразени со мајмунски сипаници, од кои 4.132 се заразени во текот на изминатата недела.
Исто така, во текот на изминатата недела во САД за првпат е регистрирана мајмунска сипаница кај деца – се разболе мало дете во Калифорнија и бебе кое не е американски државјанин. Лекарите од оваа земја сметаат дека не е чудно што мајмунските сипаници кај децата првпат се појавиле во САД, бидејќи оваа земја има рекорден број заразени – повеќе од 3.000. Затоа Белата куќа одлучи да нарача 300.000 дози вакцини против мајмунски сипаници.
Два соја
Според СЗО, постојат два соја на овој вирус. Поблаг западноафрикански сој и потешки централноафрикански сој. Се чини дека сегашната меѓународна епидемија се должи на западноафрикански сој.
Овој вид на мајмунска сипаница е генерално блага инфекција за повеќето луѓе, но може да биде фатална за хронично болните или оние со ослабен имунолошки систем.
Од друга страна, централноафриканскиот вид е многу поопасен и токму тој сој е регистриран кај сите лица кои починале од мајмунските сипаници.
Како се пренесуваат и препознаваат?
Болеста главно се пренесува преку интимен контакт кожа на кожа. Првиот случај во САД е забележан на 18 мај, а досега се регистрирани над 1.800 случаи, што ги погоди речиси секоја од сојузните држави. Експертите се загрижени дека ако епидемијата не се контролира, вирусот ќе опстојува и ќе продолжи да се шири.
Мажите заразени со вирусот на мајмунска сипаница покажуваат симптоми како што се лезии во анусот, гениталиите и устата, кои можат да бидат болни, а постои и зголемена загриженост за лузните што ги остава вирусот.
Патем, мајмунските сипаници со децении се ендемични во делови од Африка. Сепак, тие сега се шират на глобално ниво од почетокот на мај, а до пренос главно дошло на еден или повеќе рејвови во Европа, сметаат здравствените експерти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алармантен пораст на случаите на сипаници во…
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…
Воскреснуваме стари болести: Невакцинирањето ја донесе Црна…
Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше…
Вирусот од Африка галопира во светот: Мајмунските…
Откако во Минхен во петокот беше пријавен…
СЗО загрижени: Бројот на случаи со сипаници…
Бројот на случаи на сипаници во светот…