И на Милан како и на Вардар не му оди сезонава

t

Дербито на третото коло од новата сезона во Серија А, меѓу Лацио и Милан заврши без победник (2-2).

Двете екипи имаа свои шанси за триумф, Милан водеше, Лацио направи пресврт, но по сето прикажано, ремито е најреален исход. Српскиот репрезентативец Павловиќ го отвори резултатот во осмата минута со својот прв гол за Милан и „росонерите“ ја задржаа предноста до 62. минута. За краток период потоа Лацио направи пресврт преку Кастеланос и Диа, но Леао се погрижи за второ израмнување и поделба на бодовите.

По три кола Милан уште нема победа во Серија А и само два освоени бода, па првиот триумф ќе го бара во четвртиот круг против Венеција за две недели. Лацио е со четири бода што, исто така, не е ефект според очекувањата ако се има предвид дека во претходните две кола имаше релативно лесни противници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И на Милан како и на Вардар…

Дербито на третото коло од новата сезона…

Мигрените се целосно исцрпувачки. Ако имате мигрена,…

Како да му помогнете на телото подобро…

Во последниве години, недостатокот на витамин Д…

Што ви предвидува кинескиот хороскоп за септември…

Најдете го вашиот знак по година на…

Минималната плата во Косово се зголемува на…

Владата на Косово на денешната седница одлучи…