И него го вдомија: Јове Кекеновски станува директор на најголемиот земјоделски комбинат во Македонија
Јове Кекеновски, некогашниот лидер на згаснатиот Фронт за демократска Македонија, станува еден од петте директори на Управниот одбор на најголемиот земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола.
На следната седница на собранието на акционери што ќе се одржи на 11 август, предвидена е точка на која треба да се разреши Салаудин Арифи, а Кекеновски да се назначи за нов неизвршен и независен член на Одборот на директори.
„За неизвршен и независен член на Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола СЕ ИЗБИРА И НАЗНАЧУВА: Јове Кекеновски од Скопје, дипломиран правник, доктор на политички науки, државјанин на Р.С.Македонијa“, стои во една од предлог-одлуките што како најава се доставени до „Македонска берза“.
Поранешниот жесток критичар на пребеганиот некогашен премиер Никола Груевски е единствената промена што се најавува во Управниот одбор, додека останатите членови – Цветан Панделески, Весна Белешовска Бунтеска, Александар Георгиев и Анета Ѓоргиев, остануваат во ист состав.
Фронт за демократска Македонија престана да постои во 2020 кога актуелниот премиер Христијан Мицкоски како тогашен опозициски лидер објави дека оваа партија повторно коалициски ќе се интегрира во структурите на ВМРО-ДПМНЕ.
Кекеновски е најавен како некогашен претседавач на Советот на Град Скопје, државен секретар во Министерството за животна средина, предавач на четири домашни универзитети и на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, претседател на УО на ЈСП-Скопје, член на УО на Дирекцијата за слободни економски зони, како и член на УП на Одборот за акредитација во високото образование.
ЗК Пелагонија Битола е најголемата житница во земјата, но поседува и голем број на сточни грла и посеви за производство на сточна храна. Ја поседува млекарницата Здравје Радово, како и биогасна електроцентрала.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И него го вдомија: Јове Кекеновски станува…
Јове Кекеновски, некогашниот лидер на згаснатиот Фронт…
Изготвен проект за спомен обележје за починатите…
Почнува уште една нова работна недела, а…
Костадинов: „Јас нема да дозволам хероите да…
Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата:…
Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот…
Високиот руски функционер, Константин Кошачов, порача дека…
(Видео) Трамп вознемирен од прашање за Путин:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да…