И неродените правнуци ги задолживме: Јавниот долг годинава ќе надмине 65%!
Вкупниот јавен долг годинава ќе надмине 65 проценти, покажуваат проекциите направени во Стратегијата за управување со јавниот долг на Македонија за 2023 – 2025 (со изгледи до 2027 година) доставена во Собранието.
– Наспроти растечкиот тренд кој беше евидентиран во периодот 2008 до 2016 година, јавниот долг во период по 2016 година до крајот на 2019 се стабилизираше. На почетокот на 2020 година, ескалирањето на здравствната пандемија на вирусот ковид 19 резултираше со намалена економска активност во глобални рамки, а соодветно на тоа ефектите се почуствуваа и во македонската економија. Освен ефектите од пандемијата кои се уште се присутни, исто така енергетската криза на почетокот на 2022 година придонесе за порастот на буџетскиот дефиците и врз порастот на јавниот долг. Државниот долг на крајот од К-1 од 2022 година изнесуваше 6.113,4 милиони евра, односно 48,7 проценти од преоктираниот БДП. Вкупниот јавен долг, кој го вклучува државниот долг и долгот на јавните препријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и град Скопје на крајот на К-1 2022 е на ниво од 7.170,7 милиони евра, што претставува 57,1 процент од проектираниот БДП – се наведува со Стратегијата.
Изработувачите посочиле оти главна цел на управувањето со јавниот долг е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да се извршат со најниски трошоци на среден и долг рок со прифатливо ниво на ризик.
– Како основни ризици кои се идентификувани при управувањето со портфолиото на долгот на Македонија се јавуваат: ризикот од рефинансирање на долгот, пазарниот ризик (ризик од промена на каматните стапки и ризик од промена на девизните курсеви), потоа ризик поврзан со потенцијалните обврски и оперативниот ризик – се наведува во стратегијата.
Се појаснува оти, промените на девизниот курс можат во голема мера да влијаат, да ги зголемат предвидените трошоци за отплати на долгот деномириран во странска валута. Но, имајќи предвид дека во Македонија од 1995 година се применува де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на германската марка, а од 2002 година во однос на еврото, и таа политика ќе продолжи и во наредниот период, изложеноста кон ваков ризик би се мерела како учество на еврото во вкупното портфолио на долгот. Притоа за периодот 2023 -2027 година, се утврдува лимит за државниот долг на странска валута – минималниот праг на долгот во евра во вкупното портфолио на државен долг во странска валута да изнесува 80 проценти.
Во стратегијата со посочува оти кај проекцијата на валутната структура се забележува доминантно присуство на долгот деноминиран во евра, кое има умерен пораст на среден рок како резултат на определбата на Министерство за финансии новите надворешни задолжувања да бидат деноминирани во евра. Притоа, во периодот 2023-2027, учеството на долгот во евра во вкупнот портфолио на државниот долг во странска валута е значително над минималниот праг.
Со цел заштита на портфолиото на државниот долг од евентуралните идни пазарни шокови односно од неповолните промени на каматните стпаки што дирекно влијаат врз зголемување на трошоците на Буџетот на Македонија, една од целите на управувачите со долгот е одржување оптимални каматна структура на портфолиото на државниот долг. Оттаму, за периодот 2023-2027 година се утврдува лимит за каматната структура на државниот долг – минималниот праг на долгот со фиксна каматна стапка да изнесува 60 отсто.
Имајќи ја предвид моменталната структура на портфолиото на државниот долг, како и проекциите на среден рок, во периодот 2022-2027 година долгот со фиксна камата се движи значително над поставениот минимален праг. Ова ја одразува заложбата на Министерството за финансии за издавање долгорочни хартии од вредност на домашниот пазар, но и определбата за задолжување преку инструменти со фиксна каматна стапка на меѓународниот пазар на капитал.
Анализа на сензитивноста на трошоците за сервисирање на надворешниот државен долг – доколку каматните стапки во 2023 година пораснат за 1 процентен поен во однос на основната проекција, тоа би предизвикало порас на каматните трошоци за 5,7 проценти, односно за 7,4 милиони евра. Со слични ефекти и во периодот од 2024 до 2027 година.
Евентуалната депрецијација на еврото во однос на другите валути во портфолиото за 10 отсто ќе предизвика зголемување на трошоците за сервисирање во 2023 година за 1,6 милиони евра.
– Алтернативи кои може да се искористат како извори за финансирање на потребите на државата се државните записи и државните обврзници на домашниот пазар, еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, фондови од меѓународни финансиски институции за буџетска поддршка како и за финансиска поддршка на антикризните мерки и средства за проектно финансирање од меѓународните финансиски инситутции и приватни кредитори – се истакнува во стратегијата.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етипопија на чекор до банкрот
Етиопија го пропуштила рокот за плаќање на…
Претепано момче од 22 години поради долг
Во парк шумата Гази Баба, вчера по…
Волстри Журнал: Странските купувачи избегнуваат да го…
Уделот на американските обврзници во сопственост на…
ЕУ повторно во должничка криза?
Долговите во земјите-членки на ЕУ се превисоки,…
Ситуацијата со долгот на Америка рапидно се…
Задолжувањето на САД оваа година е на…