И овие ќе бидат зелени? Гази Баба ќе се задолжува за 5 милиони евра преку издавање обврзници!

t

На стартот на новата 2023 година општина Гази Баба ќе се задолжи за околу 5 милиони евра, реагираат од политичката партија Левица.

– Една од најголемите, а воедно и една од најбогатите општини на ниво на Македонија, Гази Баба потенцијално ќе биде задолжена за 5 милиони евра преку издавање на обрзници. Тоа е точка на дневен ред на претстојната седница на Советот на општина Гази Баба.

Претстојното задолжување би претставувало скоро 40% од планираните приходи во Основниот буџет за 2023 година. Проценете сами драги граѓани дали ова преставува лошо раководење со општината?

Кога ќе се земе во предвид дека каматните стапки се највисоки во изминатиот период и се уште растат може само да потврдиме дека општина Гази Баба ќе биде падната во една должничка бездна од која ќе биде потребно многу години за да се излезе.

Наместо камати кај лихваробанкарите општината со подобро раководење може да инвестира во капитални проекти на правилен начин и со тоа да допринесе на развој на општината и добробитот на нејзините жители.

Наведените капитални проекти за кои е предвиден задолжувањето ќе бидат процес на повеќегодишно реализирање заради кое најверојатно ќе има дополнителни задолжувања на општина Гази Баба во наредните буџети.

Историски гледано, раководењето на ВМРО-ДПМНЕ често резултирало со големи задолжувања и недовршени капитални проекти кои остануваат како потсетник на алчната власт. Не смее тоа да продолжи понатаму. – реагираат од Левица

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

104-годишна бабичка скокнала со падобран

Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…

Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…

Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…

Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…