И Пендаровски се сретна со германската МНР: Разговарано за уставните измени

t

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Бербок, министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, партнерството во НАТО, ОН и ОБСЕ, македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и за состојбите во поширокиот регион и за уставните промени.

Пендаровски оценил дека Германија е еден од најблиски сојузници и најсилни поддржувачи на Македонија на интегративниот пат кон ЕУ, а германските власти веќе три децении, во континуитет, ја демонстрираат посветеноста кон нашата држава и регионот.

Во тој контекст претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошна силна поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги повика своите граѓани или да…

Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…