И пензионерите и самохраните родители ќе добиваат финансиска помош од Владата – еве по колку
Пензионерите со пензии од 14.000 денари во наредните пет месеци ќе добиваат по 3000 денари, 2000 денари ќе добиваат пензионерите со пензии од 14.000 до 16.000 денари. Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари ќе добиваат 1500 денари помош
По илјада денари ќе добиваат самохраните родители, родители на деца со попреченост, корисници на минимална помош…
Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.
15 илјади студенти ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари месечно, следните 7 месеци.
Ова е само дел од мерките кои се донесени на денешната владина седница, каде е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.
Мерките ќе важат од 1-ви декември и финансиските средства се предвидени според Буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…