Објавено на:

И покрај наредбата на Путин за велигденско примирје руските напади продолжуваат, обвини Зеленски

t

„Сè на сè, на Велигденското утро, можеме да кажеме дека руската армија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува да прави изолирани обиди да напредува на теренот и да нанесува загуби на Украина“, напиша Зеленски на X, повикувајќи се на информациите од врховниот командант Олександар Сирски.

Путин во саботата им нареди на своите сили „да ги запрат сите воени активности“ во Украина за време на привременото примирје, на што и Киев одговори дека ќе се придржува. Според најавата на Путин, 30-часовното примирје требаше да трае од 18:00 часот по московско време во сабота до полноќ во недела. Украина предложи примирјето да се продолжи за дополнителни 30 дена.

Сепак Зеленски не го кажа целосно јасно ставот на Киев за најавениот прекин на огнот. Руските сили претходно денеска објавија дека ја освоиле претпоследната локација под контрола на украинската војска, во руската област Курск.

„За време на офанзивните операции, единиците на Северната група сили го ослободија селото Олешња во областа Курск“, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

По заземањето на тоа погранично село, остана уште едно, Горнал, кој се уште е под контрола на Украина во Курската област, на руска територија.

Украинските сили започнаа офанзива во пограничниот регион во август 2024 година, изненадувајќи ги руските војници и заземајќи повеќе од 1.000 квадратни километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…