Меџити повторно противзаконски го користи албанското знаме – Ќе излезе ли Максим Димитриевски од Влада?
Вицепремиерот Изет Меџити повторно спротивно на закон при официјални средби го користи албанското знаме.
– На денешната средба со студентското собрание на Универзитетот „Мајка Тереза“ во зградата на Владата, отворено разговаравме за иднината, за нивните предизвици и потреби.
Универзитетот е знаење и активизам за универзални вредности. Затоа, нашата влада ќе биде и активна во донесувањето радикални промени и пријателски настроена кон знаењето на студентите. – стои во објавата на Меџити на Фејсбук, која е напишана само на албанси јазик.

Согласно законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, Ако знамето на Република Македонија се истакнува со знамето на единиците на локалната самоуправа и други знамиња, знамето на Република Македонија се истакнува на прво место од левата страна
оддалечено два метри, а повисоко за еден метар и со поголема димензија од знамето на единицата на локалната самоуправа и од другите знамиња.
Како што можете да видите на фотографијата, Меџити не испочитува ниту едно правило.

Претходно, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се закани со излегување на неговата партија од Владата доколку повторно министрите од коалицискиот партнер Вреди истакнат албанско знаме во владините простории.
– „Ова е само тој ДУИ-наратив кој што продолжува во континуитет. Ако продолжи таквиот однос и непочитување нема да бидеме дел од Владата и ќе излеземе“, рече Димитриевски. Останува да видиме дали ќе ја оствари заканата, идејќи вицепремиерот очигледно не се секира за изјавите на Димитриевски, па си продолжува со старата пракса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…