И по петти обид Италија не избра Претседател – Ќе се гласа и по шести пат

Пратениците во италијанскиот парламент не успеале ни во петтото гласање по ред да изберат нов претседател.
Алијансата која ја сочинуваат Напред Италија, Лига и Италијански браќа на своите пратеници им порачала да гласаат за претседателот на Сенатот, Елизабета Каселати и да не бараат компромисен кандидат.
Овој потег предизвикал несогласувања меѓу пратениците на левиот центар и Каселати добила само 382 гласа од 1.009 пратеници и регионални претставници, што е далеку под неопходните 505 за да стане нов шеф на државата.
Пратениците безуспешно гласаат од почетокот на седмицата за да изберат наследник на функцијата на претседателот Серџо Матарела.
Новата рунда ќе се одржи нешто подоцна и понатаму ќе се одржуваат по две гласања дневно до конечниот избор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот во Стразбур ја казни Италија поради…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…
Грузија доби проруски претседател
Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…
Судскиот совет не избра претседател, отсутни се…
На денешната вонредна седница на Судскиот совет…
Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…
Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…
Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење…
Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење…