Објавено на:

И РАМА ПРОТИВ КУРТИ: Немири не му помагаат на Косово

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по ескалацијата на тензиите на северот на Косово повикувајќи „да не се продолжи по овој пат“, приклучувајќи се кон апелот на САД и ЕУ.

„Им се придружувам во апелот да не се продолжи по овој не само опасен, туку и целосно непотребен пат денес, кога демократскиот свет во центарот на вниманието ги стави дијалогот, нормализацијата, меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија“, пишува шефот на Владата на Албанија.

„Дали она што се случува на Косово му помага на процесот каде се ангажирани сите големи пријатели на Косово и на Албанците, за нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија?!“, прашува тој.

„Секако не се додека самите наши најголеми пријатели се длабоко загрижени!“, нагласува Рама потсетувајќи на реакциите на САД и ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…