И Русите ќе ги прават Бугари: Бугарија издава пасоши на руски државјани
Некои од водечките руски банкари добија бугарски „златни пасоши“, и покрај тоа што немаше докази дека тие направиле вистински инвестиции во најсиромашната земја-членка на ЕУ.
Бугарското државјанство по инвестициска шема што дава државјанство и пасош на ЕУ на богати државјани од трети земји е под зголемена контрола на локално ниво и на ниво на ЕУ поради стравувањата од перење пари и други финансиски криминали. Во Малта, држава со слична шема, се покрена загриженост дека криминалците и оние кои се вклучени во проневера, измама и перење пари добиваат пасоши без соодветни проверки и рамнотежи.
Во Бугарија, Русите кои добија право на слободно движење низ ЕУ од бугарската држава се Дмитриј Кушаев – директор на канцеларијата на Креди Свис во Москва, Роман Нагаев – поранешен директор за инвестициско банкарство во руската банка ВТБ Капитал и Игор Финогенов, поранешен директор на Евроазиската банка за развој, пренесува истражувачката веб-страница Bird.bg
Еден од критериумите за добивање бугарско државјанство според шемата е да се инвестира во економијата преку имот, бизнис или банкарски депозити.
Кушаев, Нагаев и Финогенов не поседуваат имот во Бугарија, ниту поседуваат или управуваат со фирми. Тоа значи дека тие не инвестирале во реалната економија туку веројатно купиле бугарски државни хартии од вредност, односно државен долг. Другата опција предвидена со законот за бугарско државјанство е да се направи депозит во готовина во бугарска банка, но истрагата покажа дека многу апликанти земале заеми за да го направат депозитот.
Новата бугарска владејачка коалиција, која дојде на власт во декември, ветува дека ќе стави крај на можностите за добивање „златни пасоши“ во земјата во следните неколку недели. Вкупно 97 странци поседуваат бугарски „златни пасоши“, од кои 40% се Руси, покажуваат податоците на EURACTIV Бугарија.
Можноста за стекнување бугарско државјанство во замена за инвестиции постои од 2013 година, но не доведе до никакви материјални инвестиции. Таков е случајот со тројцата руски банкари.
Игор Финогенов беше претседател на одборот на Евроазиската банка за развој од 2006 до 2015 година, а претходно беше помошник на рускиот министер за финансии и банкар во други банки, пишува Bird.bg.
Финогенов го доби бугарскиот пасош и стана бугарски државјанин на 4 јуни 2020 година. Дмитриј Кушаев стана извршен директор на Credit Suisse Moscow во 2016 година, а во 2021 година беше реизбран за член на одборот на директори на банката. Кога го доби бугарскиот пасош, тој беше вработен во швајцарската банка во Русија. Кушаев станал бугарски државјанин на 12 март 2021 година.
Роман Нагаев е дипломиран на Универзитетот Харвард и поранешен директор за инвестициско банкарство во руската ВТБ Капитал банка. По неговата кариера во ВТБ, Нагаев беше назначен во одборот на директори на ПИК Груп, водечка градежна компанија во Русија во која акционер е ВТБ Капитал банка.
Откако Кипар ја заврши својата шема „пари за пасоши“ во 2020 година по широко распространетите наводи за корупција во кои се вклучени владини претставници, Малта и Бугарија остануваат единствените две земји-членки на ЕУ со ваква програма во сила. Европската комисија беше јасна дека таквите шеми се неприфатливи, но владата на Малта продолжи со несмалено темпо.
Плановите за укинување на шемата на Бугарија се на маса веќе неколку години, а останува да се види дали тоа ќе стане реалност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…
Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските…
Русија денеска евакуираше цивили од делови на…
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Украинските војници заробија нов руски тенк во…
Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…
(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри…
Главниот воен командант на Украина рече дека…