И Русковска конкурирала за обвинител во Републичкото јавно обвинителство

t

Пред да се случат превирањата во обвинителството, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, конкурирала за обвинител во Републичкото јавно обвинителство. Во ова обвинителство работат 10 обвинители, кои порано беа познати како заменици на шефот на државното обвинителство.

Од Советот на јавни обвинители ни изјавија дека конкурсот завршил неодамна, а за две слободни места се пријавиле вкупно седум обвинители.

Покрај Русковска, како што дознава „Фокус“, конкурирале и уште шест обвинители, од кои повеќето се од Вишото обвинителство.

Мандатот на Русковска како шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција завршува за два месеца. Во меѓувреме се очекува и одлуката на дисциплинската комисија, по дисциплинската постапка која против неа ја отвори државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Бугарското обвинителство подигна обвинение против анестезилог за…

Окружното обвинителство на Пловдив подигна обвинение против…

Арсовска за Ганиу: Или нека добие кривична…

Лик како Вики Ганиу би требало да…

(Видео) Нема вечно да молчиме, им порачаа…

Нашиот молк е гласот на оние што…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…