И Си Џипинг му честиташе на Чарлс Трети
Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на новиот британски крал Чарлс Трети за неговото стапување на британскиот трон.
Во својата порака, претседателот Си го увери новиот британски крал во неговата желба за зајакнување на пријателските контакти и заемно корисна соработка, како и поактивна комуникација за меѓународни прашања, соопшти официјалната новинска агенција Синхуа.