И скопјани “се спремале за војна”: Запленети речиси 5.000 парчиња пиротехника
Денес (28.12.2022) на бул.„Гоце Делчев” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го привеле И.К. од с.Батинци, скопско. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, на ул„192″ на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар заплениле 1358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјани електронски можат да проверат дали им…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Во Тетово одземени над 3000 петарди и…
СВР Тетово информира дека полицајци денеска околу…
Скопјани давале поткуп на вработена во општина…
Денеска (29.03.2023) ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава…
Тројца скопјани се испокарале, па се степале…
Во текот на вчерашниот ден, било пријавено…
Последен поздрав на скопјани со Аки: На…
На Градскиот плоштад во Скопје медиумски и…