И Стево го “забетонираа” ама како северномакедонски претседател!

t

Познатата американска телевиција Си-Ен-Ен го нарече македонскиот претседател Стево Пендаровски северномакедонски претседател.

Претходно францускиот претседател Еменуел Макрон не нарече северномакедонци.

-Ќе продолжиме со тоа, се водат преговори со бугарската и северномакедонската страна со цел да го решиме тој договор во следниве неколку денови и сите се подготвени да се формализира одлуката, би сакал да се заблагодарам на бугарскиот премиер коалиционите партнери и опозицијата кои гласаа тоа да помине, честитки за Северномакедонците, имаат уште работа, но напредокот е сепак значителен, рече Макрон.

И бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков го користи тој термин.

-Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес, изјави Петков.

Бујар Османи пак мораше да ја објаснува својата преведувачка бидејќи, како што вели тој во германската терминологија било логично ако државата е Севрна и ние да бидеме Северномакедонци.

– Дали има посебна северномакедонска нација, посебна од бугарската и дали постои бугарско малцинство оти тоа би значело  оти тоа би значело дека постои посебна северномакедонска нација? Преводот е погрешен, оти таква е германската терминологија, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…