И тие ќе готват во мали тенџериња? БиХ ги повикува граѓаните да штедат струја

t

Властите во Босна и Херцеговина ги повикаа граѓаните и компаниите рационално да ја користат енергијата и побараа од јавните институции да изготват планови за штедење, особено за ладење и греење на просториите, по примерот на Европската Унија.

На седница на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина беа усвоени насоки за намалување на потрошувачката на енергија и енергенси. Како што е најавено, насоките се состојат од мерки кои можат да ги преземат граѓаните, јавниот сектор, претприемачите и енергетските субјекти.

На граѓаните им се препорачува порационална потрошувачка на енергија за греење и ладење, правилно проветрување на просторот, како и ефикасна потрошувачка на енергија за осветлување и апаратите за домаќинство. Тие објаснија дека ако температурата што се одржува во просторот се намали за само еден степен, годишно може да се заштедат приближно пет проценти од топлинската енергија.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина ги задолжи јавните институции и јавните претпријатија да креираат конкретни програми во случај на криза со цел да се спроведат мерки за заштеда на енерг ија. Воедно, беа разработени мерките што треба да се преземат во случај на недостиг на енергенси или прекин на испораките, како и мерки за намалување на последиците од недостиг или прекин на испораките и обезбедување на потребните финансиски средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…

ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…

Согласно барањето за помош што Владата на…

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…

Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…

Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…