Објавено на:

И Трамп даде поддршка за Израел

t

И поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп даде поддршка за Израел.

Трамп на неговата социјална мрежа напиша дека дава поддршка за Израел и Нетанјаху.

Во тек е седмиот ден од конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас. Израелската армија соопшти дека вечерва тенкови и пешадиски сили влегле на територијата на Појасот Газа како дел од „локализираните рации“. Во исто време, Израелците вршат воздушни напади врз бројни локации на Хамас во Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека ова е „само почеток“.


Тенковите и војниците влегоа за да ја исчистат областа од можни терористи и да ги лоцираат исчезнатите Израелци. Тие, наводно, убиле бројни терористи во таа област, вклучувајќи ги и оние од ќелијата на палестинската милитантна група Хамас од каде што противтенковски ракети биле истрелани врз Израел, пишува „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека војниците „не навлегле длабоко во Газа“. Израелските одбранбени сили исто така тврдат дека жителите на градот Газа почнале да се евакуираат на југ од градот.


Во меѓувреме, Хезболах соопшти дека мета биле израелски бази во јужен Либан како одговор на нападите на израелските одбранбени сили (ИДФ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…

Министерството за одбрана на САД објави инсерти…

Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…

Цените на нафтата паднаа за повеќе од…

САД: Не се регистрирани напади на други…

Не е регистриран ирански напад во ниту…

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…