И Фајон ни порача: Трнлив ви е патот кон ЕУ, ама мора да го смените Уставот!

t

Годинава е исклучително важна за проширувањето. Ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии да вложат напор за уставните промени пред се’ во интерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето, и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност e до крајот на 2030 година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Македонија да стане членка на Европската Унија, вели словенечката вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања Тања Фајон во интервју за МИА.

„Вистина е дека, државата загуби многу драгоцено време и жал ми е бидејќи патот на Македонија би бил побрз кога не би биле, како што споменавте внатре политичките интереси на Бугарија, претходно и Грција, што значи дека патот на Македонија е трнлив и пред се’ болен. Уставните промени се клучни пред се’ за еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани“, вели Фајон во интервјуто за МИА.

Шефицата на словенечката дипломатија вели дека е клучно Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите.

„Не сакам да зборувам за одвојување на двете држави, останувам силно посветена на тоа, дека Македонија ќе продолжи по патот на реформите“, децидна е Фајон.

Таа изјави дека Словенија е традиционално пријателска држава со Македонија која со години и помага на државата технички во сите пристапни преговори за да може да влезе во Европската Унија.

„Вистина е дека, државата загуби многу драгоцено време и жал ми е бидејќи патот на Македонија би бил побрз кога не би биле, како што споменавте внатре политичките интереси на Бугарија, претходно и Грција, што значи дека патот на Македонија е трнлив и пред се’ болен. Јас ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии да вложат напор за уставните промени пред се’ во интерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето, и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност е до крајот на 2030 година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Македонија да стане членка на Европската Унија. Така да, да, уставните промени се клучни пред се’ еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани“, вели Фајон.

Таа дополни дека годинава е исклучително важна за проширувањето.

„Проширувањето стана геостратешка нужност. Ако погледнеме што се случува околу нас, руската агресија во Украина, конфликтот на Блискиот Исток, Европската Унија мора да биде силна, мора да биде обединета, имаме јасна Бледска обврска државите да се подготват за проширување до 2030 година, а од друга страна јас и Словенија се стремиме и државите на Западен Балкан да бидат подготвени и способни за влез во Европската Унија. Кон крајот на годината очекувам поттикнувачки извештаи, посакувам да видам почеток на пристапни преговори со Босна и Херцеговина, очекуваме пристапни преговори со Украина, Молдавија, понатаму за Грузија и во тој контекст клучно е Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите. Не сакам да зборувам за одвојување, останувам силно посветена на тоа, дека Македонија ќе продолжи по патот на реформите“, вели Фајон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…

Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…