И Ѓорѓиевски разрешил директорка заради лажен сертификат за познавање на јазик – Ќе го провери ли некој директорот на АНБ?
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик во февруари годинава, што секако е одличен потег особено откако дознавме дека новоименуваниот директор на АНБ има TOEFL сертификат од Пловдив, Бугарија.
Ѓорѓиевски тогаш потенцираше дека правдата мора да излезе на виделина и при тоа да нема никакви негативни последици врз учениците и наставно-научниот процес.
–Нема компромис кога е загрозен законот. Директорката веднаш е разрешена. По добиените информации дека една директорка на основно училиште поседувала лажна диплома за странски јазик, донесов одлука за нејзино разрешување. При самиот избор, разгледувањето на документацијата и интервјуто од страна на Училишниот одбор не било возможно да се увиди дека списите не се регуларни, при што е изготвен извештај за избор на најдобар кандидат, кој што ќе биде поништен, и наскоро училиштето ќе добие нов в.д. директор, истакна Ѓорѓиевски.
Правдата мора да излезе на виделина, вели Ѓорѓиевски, при тоа да нема никакви негативни последици врз наставно-научниот процес и врз самите ученици.
–Апелирам надлежните институции да го расветлат случајот до крај, непристрасно, исклучиво водејќи се според законодавната легислатива. Врвен интерес преставува владеењето на правото и работа во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Детли за сертификатот на Христовски прочитајте во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…