„И јас би сакал да избирам од 50 класа фудбалери, ама во Македонија ги нема толку“
Пред македонската репрезентација месецов е можеби клучниот меч за задржување на макар теоретските шанси за второ по ред учество на еден континентален собир и тоа за десет дена против Украина во Прага, поради што селекторот Благоја Милевски денеска ги соопшти фудбалерите на кои ќе смета, но и ги кажа своите очекувања од нив.
Тој потенцира дека неговиот избор е очекуван со оглед што и нема многу квалитетни опции на располагање.
„Ме прашуваат дали сме во криза кога е изборот на фудбалери во прашање, но мојот одговор е дека криза нема туку дека ни таква реалноста. И јас би сакал да имам избор од 50 фудбалери на врвно ниво, но тоа е што е, нив ги нема во Македонија. Ние сме лимитирани со бројот на фудбалери, кои се на ниво на овие квалификации. Најважно ми е кога ќе дојдат фудбалерите на собир да ги видам дека се физички и ментално подготвени да се стават во функција на репрезентацијата. Реков дека важна ќе биде минутажата од клубовите, но ако немаме конкуренција на некоја позиција, мора да играат и фудбалери кои немаат минутажа“, изјави селекторот мислејќи на Езџан Алиоски, кој извесно време не игра во Саудиска Арабија.
Милевски најави атак на победа на претстојните дуели, нешто што селекцијата под негово водство (ќе) го прави на секој натпревар, но и дека дуелот со Украинците е нешто посебно за двете селекции.
„Само победа одговара и на двете репрезентации за да ги задржат шансите, а ремито не одговара никому. Затоа, очекувам отворен натпревар од двете страни. Ги анализиравме завршните десетина минути од претходниот натпревар, воочени се доста аномалии, но и позитивни работи. Во функција на тоа како ќе изгледаме на овој натпревар е списокот за овој натпревар, но треба и да поправиме некои работи кои се надевам дека успешно ќе ги направиме. На секој меч очекуваме да победиме и се правиме во функција на тоа, без разлика дали играме против Украина, Малта или Италија“, објасни предводникот на Македонија
Тој се осврна и на дел од персоналните одлуки.
„На секој собир на некои линии имаме проблеми. Жал ми е што Зајков нема да биде со нас, но од друга страна ме радува фактот што се чувствува одлично, го очекуваме што побрзо да оздрави и да ни се приклучи во тимот. Моја одлука е да не го повикам Дориан Бабунски, имав разговор со него и со сите останати. Перформансот на Бабунски беше различен во клубот и тука. Дориан во моментов не ми требаше како опција. Тоа не значи дека на наредниот меч нема да биде повикан“, заврши Милевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…