Кавадарчанец заврши во притвор: Влетал со возилото на маратон во Кавадарци

t

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци, вчера во 12:40 часот го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 – А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што соопшти денеска МВР, на улица Страшо Пинџур во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата.

М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…