Кавадарчанец ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие, па бил агресивен кога дошла полиција
Кавадарчанец е уапсен откако бил пријавен дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец.
На 09.08.2024 во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени дејствија, а претходно од страна на неговата 35-годишна сопруга било пријавено дека во семејната куќа во градот и упатувал сериозни закани по живот. За настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Нешто порано, во 13.20 часот, во Полициската станица Кавадарци, Ш.А.(37) од кавадаречко село пријавила дека била физички нападната од Е.М. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кавадарчанец ѝ се заканувал на сопругата дека…
Кавадарчанец е уапсен откако бил пријавен дека…
И Кавадарци помага во гаснењето на пожарот…
На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко…
Kавадарчанец нападнал полицајци
Дваесет и тригодишен кавадарчанец бил приведен во…
Ученици од Кавадарци продаваа крофни и организираа…
Младите хуманитарци од Кавадарци под името ,,Подари…
Кавадарчанка пријавила дека дечко ѝ ја силувал…
Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со…