Каде живееме? За врат извадил 15-годишник од кафуле па го претепал во подземна гаража

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

На 9 септември, пред средно училиште и кафе бар во Кисела Вода, осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи исти прилики, односно сторил грубо насилство врз три деца.

Додека едно од оштетените 15-годишни деца седело во кафе барот заедно со неговите соученици, осомничениот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор.

Давејќи го за врат го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот.

Потоа осомничениот во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две 15-годишни деца, удирајќи ги со шлаканици и со тупаница и нанесувајќи им телесни повреди. Осомничениот со насилството предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните ученици и кај други сведоци на настанот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…

Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…

35-годишен скопјанец донесен починат во „8. Септември“

Министерството за внатрешни работи информира дека 35-годишен…

52-годишен жител на Богданци обвинет за силување…

Синоќа на полноќ во Богданци полициски службеници…

Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на…

На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола,…