Каде оди светов? Скопјанец со чекан му ја скршил главата на сосед!
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи. Тој со метален чекан го удрил оштетениот 49-годишник во главата, нанесувајќи му повреди – фрактури со кои му бил доведен во опасност животот.
Јавниот обвинител му предложи на судот да определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување кај службено лице во судот и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија: Скопјанец паднал во шахтa
С.К. од Скопје вчера паднал во отворена…
Скопјанец нападнат со нож кај Бит Пазар!
На 27.11.2023 во 07:35 часот во СВР…
Починат скопјанец пронајден во својот дом во…
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера…
Скопјанец превезувал мигранти од Сирија
Полицијата денеска попладне околу 17 часот на…
Каде оди светов? Скопјанец со чекан му…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…