Објавено на:

Кадиров најави повлекување: Планира “неограничена и долга” пауза

t

Лидерот на рускиот регион Чеченија, Рамзан Кадиров денеска најави дека планира да земе „неограничена и долга“ пауза од својата функција.

Тој владее со Чеченија од 2007 година и е лидер со најдолг стаж во тој руски регион.

– Сфатив дека веќе долги сум на функција. Мислам дека дојде моето време (да ја напуштам власта), објави 45-годишниот Кадиров на Телеграм.

Кадиров, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, не наведе што ќе работи откако ќе се повлече од функција.

Чеченија под негово владеење е обвинета за масовно кршење на човековите права.

Кадиров во март наводно отпатувал во Украина, а има тврдења дека членови на неговата борбена полиција се борат заедно со руската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Израел се согласи на прекин на…

Претседателот на САД – Џо Бајден изјави…

Арсовска со честитки за припадниците на исламската…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им…

Кадиров му одговори на Маск: Не си…

Чеченскиот лидер Кадиров му одговори на Илон…