Каевски од СДСМ гласаше Косово да стане членка на Советот на Европа

t

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, штo e претпоследниот чекор до целосно членство. Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на Советот.„За„ гласаа 131 пратеници од 171 присутни, „против“ беа 29, а „воздржани“ 11 пратеници.

Меѓу пратениците кои гласаа „за„ се и Дарко Каевски од СДСМ и Арта БилалиЗендели од ДУИ.

Сега Парламентарното собрание на Советот треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство. Истиот треба да се одржи на 16 и 17. маj во Стразбур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…