Каевски: Сликите со Ковачев се потврда – македонското и бугарското ВМРО ја кочат европската иднина на државатa
Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија, обвинуваат од владејачката СДСМ.
На денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ – Дарко Каевски порача дека заедничките фотографии на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ со европратеникот Ковачев од Бугарија, се потврда дека тие едно зборуваат, а друго прават, спротивно на интересите на народот.
„Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ. Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани. А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја. Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев? Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија. Мицкоски и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот. На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат“ – рече Каевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека станува збор за лажни вести кои ги шири СДСМ со стари фотографии.
„Народот памети дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на бугарските негаторски политики. Прво, Стево Пендаровски беше тој кој што гордо кажуваше дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев. Второ, Стево Пендаровски беше тој кој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, и после оваа бесрамна изјава на Пендаровски неговиот пријател Ковачев ја пофали и ја користеше како аргумент во Брисел и Софија. И трето, Ковачев, пријателот на Пендаровски ги напаѓаше Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се пречката на бугарската негаторска политика“ – се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…