Казахстан до крајот на годината ќе отвори амбасада во Скопје

t

Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената Амбасада во Скопје. Ова беше потврдено на разговорите што министерот за надворешни работи, Бујар Осмни ги имаше со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана.

Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа и е реализирање на конкретната заложба од декларацијата која министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишаа минатата година, велат од МНР.

Казахстан важи за двигател на економијата во Централна Азија и отварањето Амбасада во Скопје ќе придонесе кон продлабочување на пријателските односите меѓу двете земји, развој на економскта соработка и унапредување на договорната рамка. Воедно, ова би била прва резидентна амбасада од земја од Централна Азија во Мaкедонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Македонија победи во Казахстан!

Македонија успеа да дојде до тешка победа…

Македонија води против Казахстан!

Александар Трајковски се најдев во првиот состав…

Еве со кој состав стартува Македонија против…

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, го…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…