Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има теоретски шанси за директен пласман на СП
Казахстан денес ремизираше 1:1 со Белгија на домашен терен во квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Дастан Сатпаев, го отвори резултатот во 9. минута. Белгија изедначи со голот на Ханс Ванекен во 48. минута.
Домаќините последните десеттина минути ги одиграа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ислам Чесноков во 79. минута.
Казахстан, со 8 бода по 8 натпревари, е четврти во Групата Ј, додека Белгија, со 15 бода од 7 натпревари, е прва. Македонската репрезентација е втора со 13 бода и со теоретски шанси за директен пласман на Мундијалот следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има…
Казахстан денес ремизираше 1:1 со Белгија на…
Четири сериозни сообраќајки во Македонија: Повредени повеќе…
Во последните 24 часа на територијата на…
Повторно се запали автобус на ЈСП во…
МВР објави дека денес во раните утрински…
Флин: Изгубена е војната во Украина
Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Жена од Скопје погодена со воздушна пушка,…
На 14.11.2025 во СВР Скопје било пријавено…