Објавено на:

Казнети 23 возачи во Илинден и Петровец и 36 во Тетово, сите возеле под дејство на алкохол

t

– Вкупно 23 лица се санкционирани зашто возеле под дејство на алкохол при зајакнатата акциска контрола што ја спроведе ноќеска сообраќајната полициија во скопските општини Илинден и Петровец, додека во Тетово се казнети 36 возачи.

На сите прекршители, како што соопшти МВР, им се изготвени соодветни поднесоци. Во Илинден и Петровец контролите биле од 22:00 часот синоќа до 3:00 часот изутринава, а во Тетово од 1:00 до 5:00 часот. Во Тетово за време на контролата биле санкционирани и шест останати прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода возач кој „дувнал“ 1,51…

На 18.05.2025 во 01.10 часот на улица…

63-годишник возел со 2,04 промили алкохол во…

Рано утрово во Кичево полицијата го приведе…

Ако зборувате на телефон додека возите е…

Дејан Стевиќ, потполковник од Управата на српската…

“Малку испил”: Струмичанец возел со 2,34 промили…

Околу 09:50 часот полицијата денеска регистрирала 48-годишен…

МВР “не застана”: 190 казни само во…

Во засилените контроли во областа на сообраќајот…