Казни за издавање брзи кредити
Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) денеска соопшти дека се изречени три глоби во вкупен износ од 653.160 денари на финансиско друштво за брзи кредити и три глоби во износ од 55.347 денари за одговорното лице кај финансиско друштво бидејќи издале онлајн кредити без да го утврдат идентитетот на три лица. Изречена е и глоба во износ од 380.109 денари за прекршок на Друштво за угостителство, туризам и трговија и глоба во износ од 21.522 денари за одговорното лице за задржување лични карти.
Во врска со глобите изречени за финансиското друштво за брзи кредити, АЗЛП соопшти дека тие се изречени врз основа на членот 111 став (1) точка 2 и членот 111 став (2), а во врска со членот 111 став (1) точка 2 од Законот за заштита на личните податоци. Како што појаснуваат во соопштението до медиумите, Агенцијата повела три вонредни супервизии по поднесени барања од три физички лица, согласно членот 97 од Законот за заштита на личните податоци.
-Во трите случаи физичките лица тврдеа дека финансиското друштво (контролор) одобрило онлајн кредит во износ од 90.000 денари, на други физички лица кои ги употребиле нивните лични податоци со користење на телефонски броеви кои не се нивни и без притоа да им се утврди идентитетот при поднесување на барањата за кредит. Финансиското друштво (контролор) спротивно на членот 10 став (1) алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци без претходно обезбедена согласност за обработка на личните податоци при аплицирање за кредит обработувал лични податоци за три физички лица (субјекти на личните податоци) при што не демонстрира (докажа) дека субјектите на личните податоци дале согласност за обработка на нивните лични податоци, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…