Објавено на:

Каква е експертската влада предложена од студентите во Србија и како би можела да изгледа

t

Студентите од Ниш при блокадите со мнозинство гласови до останатите колеги од преостанатите четири универзитети изгласаа да се достави предлог за формирање експертска Влада на Србија. Што тоа значи , правно и политички, анализираат српските медиуми?

Имено, како прво, студентите не објавија како би изгледала таа Владата, ниту кои ќе бидат нејзините потенцијални членови, истото нема ни да се случи доколку сите за тоа не се согласат за предлогот. Но, може да се претпостави дека една таква Влада нема да има политички чинители.

Како што пишува Нова.рс во принцип, Владата како што е предложена од страна на студентите во моментов во нејзиниот облик би била преодна. На крајот на краиштата, таква е секоја Влада со одредено времетраење на мандатот, Влада која има за цел да исполни конкретни цели и да ги реши длабоките општествени тензии кои застанаа на патот на нормалното функционирање на општеството (а во исто време и исполнувањето на четирите студентски барања). Корупцијата, олицетворена во новосадското злосторство во кое загинаа 16 лица, денеска е причина за ваквите тензии, наведува медиумот.

Сепак, преодната спрска Влада може да биде различна по својата суштина. Во поновата српска историја користено е само еден модалитет, преодна Влада составена од претставници и на власта и на опозицијата, која би можело да се нарече и концентрациона Влада.

Како што потсетува порталот на српското издание на Би-би-си, по 5 октомври 2000 година и падот на режимот на Слободан Милошевиќ, беше формирана преодна Влада со цел да се обезбеди стабилност и да се организираат фер и слободни избори во рок од три месеци.

Тогашната влада ја предводеше Миломир Миниќ од СПС, а потпретседатели беа Небојша Човиќ од Демократската опозиција на Србија (ДОС) и Спасоје Круниќ од Српското движење за обнова (СПО), што е главна карактеристика на преодната влада да во неа учествуваат сите релевантни политички актери од власта и опозицијата.

Преодната влада, потсетува текстот, треба да се разликува од техничката влада, која „постои од моментот кога на едната Влада и завршува мандатот, а на другата не и почнува мандатот, што овозможува континуитет во преодниот период“.

Освен тоа, СНС во тоа време имаше и Влади кои не беа целосно политички и каде седеа експерти во минатите мандати. Некои од тие експертите како што наведува медиумот беа економски, спортски, културни експерти. Ова секако не е концептот што го имаат на ум студентите, појаснува српскиот медиумот.

Што вели опозицијата?
Во меѓувреме српската опозиција на крајот на минатиот месец излезе со својот став за преодната влада. Ја нарекоа Влада на народната доверба и накратко објаснија дел од нејзините цели и структура. Според објаснувањето на Мирослав Алексиќ (Народна партија), таа Влада би траела 9 месеци, а нејзината цел би била исполнување на минималните услови за одржување фер и чесни избори и исполнување на студентските барања. Што се однесува до структурата на таа Влада, прво не беше претставена како политичка, туку како експертска, а тоа беше направено конкретно со овој опис: Во таа влада ќе има лица против кои никогаш не биле поднесени кривични пријави за корупција и не биле поврзани со криминални организации“, а потоа „престанува да важи и фактот каква политичка определба тие имале“.

Зад овој предлог стојат Зелено-левиот фронт, Партијата за слобода и правда, Србија-Центар, Народното движење на Србија и коалицијата НАДА. Предлогот не го поддржаа Демократската партија и Еколошкото востание кои, според нивните лидери, чекаа да го видат студентскиот предлог за излез од политичката криза, кој потоа ќе го поддржат.

Од друга страна самиот претседател Александар Вучиќ, институцијата која му го предава мандатот на идниот премиер кој може да обезбеди мнозинство во Собранието за гласање на законски предлози и владини мерки, за концептот на преодна влада истакна во неколку наврати дека е силно против таа идеја.

Сепак Вучиќ по притисок од јавноста во изминативе денови и последните обраќања делумно се откажа од цврстиот стаф и рече дека ќе се согласи со преодна влада, доколку СНС му ја предложи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…