Како блокадата на ИПАРД 3 програмата ќе влијае на земјоделците?

t

Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем.

И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека единствена опција во моментов е само да се почека и да се види каков ќе биде исходот, но дека парите кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните инвестиции се веќе вложени од нивна страна и ова претставува дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа станува збор за големи суми.

Инаку, за ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како блокадата на ИПАРД 3 програмата ќе…

Колкава ќе биде штетата од скандалот со…

Расчистено свирепо убиство во Штип, со нож…

СВР Штип во соработка со Одделот за…

Њујорк Тајмс: Дијана Хрка – мајката што…

Откако бетонската надстрешница на железничката станица во…

Kaко за 34 години Албанија успеа да…

Пред 34 години кога Македонија станува независна…

Изненадувачка објава на Руската амбасада во Вашингтон:…

Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека, по…