Како Бугаринот Петар Драганов уште во XIX век докажувал дека македонскиот е посебен јазик: “Овие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт”

t

Петaр Драганов (1857 — 1928) е познат руски филолог, славист и македонист, роден во Комрат, Руска Империја. По потекло е Бугарин од Бесарабија. Студирал историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.

По покана од Бугарската егзархија, од 1885 до 1887 година работи како професор во Солунската машка гимназија.

Во Солун доаѓа како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет. Но, по обемните етнографски истражувања во Македонија, изградува сопствени ставови за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците. Според Драганов, Македонија претставува засебна етнографска целина на Балканот, исто како што македонските говори се дел од посебен македонски јазик. Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со теориите на неговите бугарски работодавачи, Драганов се враќа во Русија каде преку бројни написи и предавања ги поставува темелите на македонистиката во Русија.

Драганов ја популаризирал идејата за посебен македонски јазик, за кој дознал за време на престојот во Македонија, каде што работел како професор во бугарско егзархиско училиште, но откако му станале јасни настаните на терен одбил да го промовира бугаризмот и престанал да работи. За македонскиот јазик пишувал најмногу во текот на 80-тите и 90-тите години на XIX век.

Србите, а особено Бугарите, го презираат македонскиот говор и ме напаѓаат затоа што препорачувам некаква посебна македонска литература. Тие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт, колку и да е мала, и дека не ја измислив јас.

Познато е дека некои србомани, на чело со М. Веселиновиќ, во печатот ме клеветеа дека, наводно, во Солун сум ги препишувал примерите од српската народна поезија, кои ми беа доставени, на бугарски начин… Познато е и дека некои бугарски автори со егзархиски пропагандисти во Македонија констатирале (и во печатот) дека јас како чист Бугарин по потекло сум малку и недоволно Бугарин… некои дури тврдат дека сум лош Бугарин и дека сум ја продал бугарската кауза.

Голем дел од она што веќе го имам испечатено за македонскиот говор… и она што допрва имам намера да го испечатам на оваа тема, јасно покажува дека многу го сакам тој говор и му посакувам, спротивно на српските и бугарските желби, долговечност и, ако сакате, литературен развој. Во исто време, давам многу докази дека Србите, а особено Бугарите, едноставно го презираат тој говор и ме напаѓаат дека не се однесувам со почит и доверба кон нивните големи политички идеи и како да препорачувам некоја посебна македонска литература. …Овие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт, колку и да е мала, и дека јас не сум ја измислив. Зарем јас ја отпечатив збирката на браќата Миладиновци (не е важно што Хрватите во Загреб ја објавија како „бугарска“, со глупаво и наумесно Ѫ)? Дали јас го измислив јазикот и тенденциите на Пулески, Шапкарев, А. Ресенец, Партение Дебарски, во споредба со кои јас и Дринов, како и Верковиќ и Сирко сме странци…

Бугаринот Петар Даниилович Драганов (1857-1928) е доследен македонолог и основоположник на македонистиката во Русија, афирматор на македонската национална свест, на македонскиот јазик и литература, на македонскиот фолклор и етнографија и на македонската историја и култура на крајот од XIX и почетокот на XX век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…