Како во Македонија: Косовската полиција истражува кој нацртал графит во Северна Митровица
Косовската полиција денеска отвори истрага за графитот што утринава се појави во Северна Мировица, во кој Србите повикуваат на отпор од 21 ноември, кога според соопштението на приштинските власти, сопствениците на возила со српска дозвола табличките ќе почнат да се казнуваат, јавуваат медиуимите..
Портпаролот на полицијата Баки Кељани рече дека се преземени чекори за истрага на графитите.
„На 13 ноември 2022 година, во текот на ноќта, на подрачјето на регионалната дирекција Северна Митровица, полицијата наиде на неколку графити со различни натписи на српски јазик. Косовската полиција со своите единици ги презеде потребните полициски дејствија, за целта на истрагата и понатамошното постапување, во врска со испишаните графити на одредени ѕидови и улици“, рече Кељани.
На главната улица на Северна Митровица, како и на градското шеталиште утрово се појавија голем број графити на кои граѓаните се повикуваат на отпор.
„Од 21 ноември 2022 година е сечија одговорност, отпор на секој чекор. Северна бригада“, пишува на графитот.
Србите од северот на Косово пред неколку дена ги напуштија косовските институции, по одлуките на Приштина за пререгистрација на српските регистарски таблички. Соединетите Американски Држави и ЕУ го повикаа косовскиот премиер Албин Курти да ја одложи одлуката за 10 месеци, но Приштина се уште не ги прифатила тие барања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…